Дома Фудбал Алонсо ќе води тим за паметење – Реал веќе има договор со уште една ѕвезда!

Алонсо ќе води тим за паметење – Реал веќе има договор со уште една ѕвезда!

Реал Мадрид создава тим кој во наредните години повторно ќе доминира во шпанскиот и европскиот фудбал. Како тренер е назначен Алонсо, а првиот човек на клубот Флорентино Перез му ги исполнува сите желби.

Член на кралскиот клуб наредното лето ќе стане и репрезентативецот на Франција, Ибрахима Kонате.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


26-годишниот дефанзивец веќе има усмен договор со Реал. Потписот ќе следи веќе во јануари следната година, а Ливерпул ќе остане без оштета.

“Планот на Ибрахима Kонате е сосема јасен. Подготвен е да го напушти Ливерпул како слободен играч на крајот од сезоната. Веќе ја одби огромната понуда од клуб од Саудиска Арабија и е во преговори со Реал Мадрид. Му понудија договор до 2031 година”, наведува Николо Шира.

Kонате и ова лето се поврзуваше со Реал. Меѓутоа, до договор со Ливерпул за трансфер не дојде. Црвените му понудија и продолжување на соработката, но Французинот тоа го одби.

Реал според правилата не може ништо официјално да заврши до јануари кога Kонате влегува во последните шест месеци од договорот и кога му е дозволено да преговара со други клубови.

Сепак, изгледа дека во тајност сè завршило уште ова лето и само се чека официјална потврда дека Французинот ќе го облече дресот на кралскиот клуб. Тоа ќе биде уште едно спектакуларно засилување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холанѓанец збесна и почна да го удира Перишиќ, а еве како му одговори Хрватот (Видео)

Иван Перишиќ одигра 70 минути во убедливата победа на ПСВ во гости кај АЗ (1:5), но натпре…