Дома Фудбал Алонсо ги изненади навивачите на Реал и фудбалскиот свет со коментарите по поразот од Барселона

Алонсо ги изненади навивачите на Реал и фудбалскиот свет со коментарите по поразот од Барселона

Барселона синоќа го освои трофејот од шпанскиот Суперкуп бидејќи во фантастичното финале го победи Реал Мадрид со 3:2, а јавноста во Шпанија шушка за зборовите на Чаби Алонсо по поразот на неговиот тим во Ел Класико.

Алонсо смета дека овој пораз не е толку тежок бидејќи станува збор за финале во најмалку важниот натпревар, но навивачите на Реал не имаа милост кон него поради тоа и сметаат дека нема да биде изненадување ако набргу добие отказ.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Кога го примивме третиот гол, бев 100% уверен дека имаме шанси да изедначиме. И ги имавме, но топката едноставно не сакаше да влезе во гол“, рече Алонсо на почетокот и продолжи.

„Мораме да свртиме нов лист што побрзо. Ова е само еден натпревар и тоа натпревар од Суперкупот. Од сите натпреварувања во кои учествуваме, овој беше најмалку важен. Мораме да продолжиме понатаму, да се опоравиме, да го кренеме моралот и да се фокусираме на она што доаѓа“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конроверзна објава се појави на профилот на Бруно Фернандеш, Манчестер јунајтед се огласи

Манчестер Јунајтед објави соопштение откако на профилот на Х во сопственост на капитенот н…