
Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо, се обрати пред новинарите пред натпреварот од првенството против Валенсија, а главната тема беше “случајот Винисиус” по инцидентот во Ел Класико. Алонсо решително ја заврши таа приказна, истакнувајќи дека ситуацијата е решена внатре во тимот и дека сега фокусот е исклучиво на фудбалот.
И покрај бројните прашања за бразилскиот напаѓач, неговото извинување и соопштението во кое не го спомна тренерот, Алонсо беше јасен. “Во среда, по два дена одмор, имавме состанок со сите. Вини беше многу добар, беспрекорен, зборуваше искрено, од срце и бев многу задоволен. Од тогаш случајот е завршен”, рече Алонсо и додаде дека нема да има никакви санкции.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Го пофали и соопштението на Винисиус: “За мене, тоа беше многу вредно, многу позитивно соопштение кое ја покажа неговата искреност. Зборуваше од срце, за овој клуб и она што сака да го даде.”
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!