Дома Фудбал Алонсо анализираше снимки од Реал Мадрид, па откри голем проблем: Ова е катастрофа!

Алонсо анализираше снимки од Реал Мадрид, па откри голем проблем: Ова е катастрофа!

Новата ера во Реал Мадрид официјално започна во понеделник на преставувањето на Чаби Алонсо во тренинг центарот Сиудад Депортива во Валдебебас. Иако сè уште не се приклучил на работата на терен – тоа ќе го стори на 9 јуни – поранешниот везен играч на Реал и шпанскиот репрезентативец го користи овој период заедно со неговиот стручен штаб за да ги анализира добрите и лошите страни на играта на неговиот нов тим за време на неодамна завршената сезона, пишува „Дефенса Сентрал“.

„Се разбира дека ги гледав сите! Ја анализирав играта и состојбата на играчите. Тоа ми помага да ја обликувам својата идеја, проектот кој го започнуваме. На крајот, тренерите зависат од играчите, а овој тим има неверојатно натпреварувачко ниво.

Финале во Лига на Шампиони: Младиот ПСЖ против искусниот Интер! ↓↓↓


Веднаш по претставувањето, Алонсо целосно се посвети на анализата на екипата. Гледа снимки, анализира акции и бара начин како да го имплементира својот стил на работа, свесен дека ќе има многу малку време со играчите од Реал пред Светскиот куп на клубови.

Но, еден детал особено го збунува – начинот на кој беа белите притиснати противниците. Алонсо наводно не разбира зошто Винисиус Жуниор, Килијан Мбаппе и Родриго Гоес честопати влегуваат во пресинг самостојно, без поддршка од остатокот на екипата.

„Тоа е катастрофа”, изјавил новиот тренер на Реал во текот на првите денови во Валдебебас, анализирајќи ја досегашната игра и заклучувајќи дека тоа мора итно да се промени. Тренерот знае дека нема да има многу простор за големи промени до почетокот на Светското првенство, но планира веќе сега да интервенира во некои сегменти кои ги водеше Карло Анчелоти.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал ja започнува „операцијата Шешко“

Според Sky Германија, раководството на Арсенал закажало преговори со Лајпциг за словенечки…