Дома Останати Тенис Алкараз: Неверојатно е тоа како Надал успеваше да биде на врвот секоја недела

Алкараз: Неверојатно е тоа како Надал успеваше да биде на врвот секоја недела

Никој никогаш во историјата на тенисот не доминирал на една подлога како што тоа го правеше сега веќе пензионираниот 38-годишен Рафаел Надал на земја

„Само кога сте целосно посветени на овој спорт и ги доживувате сите негови предизвици можете целосно да се поклоните на Рафаел Надал и на сѐ што постигнал“, рече неговиот помлад сонародник Карлос Алкараз, моментално трет тенисер во светот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Алкараз не успеа да освои два последователни турнири на земјена подлога. По триумфот на АТП Мастерс 1000 турнир во Монте Карло, минатата недела стигна до финалето на турнирот во Барселона каде што загуби од Данецот Холгер Руне со 6-7(6), 2-6.

„Од мојата сегашна перспектива можам целосно да се поклонувам на сѐ што Рафаел Надал го правеше годините. Ми изгледа скоро неверојатно дека во сето тоа успеваше секоја недела, секоја година. За вакви успеси мора да сте на сто проценти во буквално секој момент. Му оддавам чест“, изјави Алкараз.

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ до финалето во Мадрид треба да помине преку Дрејпер и Алкараз

Заврши ждрепката за мастерсот во Мадрид, четвртиот турнир во сезоната од АТП серијата 1.00…