Дома Останати Тенис Алкараз го „заборави“ Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе се сретнеме со Синер во финалето!

Алкараз го „заборави“ Ѓоковиќ: Се надевам дека ќе се сретнеме со Синер во финалето!

Свесно или несвесно, најдобриот шпански тенисер во овој момент, Карлос Алкараз, не кажа ниту збор за Новак Ѓоковиќ на прес-конференцијата пред почетокот на Ју-Ес Опен.

Се повеќе се зборува за ривалството со Јаник Синер, а како што вели Алкараз, со него има одличен однос надвор од теренот.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


– Имаме почит еден кон друг и многу добар однос надвор од теренот. Мислам дека тоа е одлично. Сите ја следат нашата игра кога играме еден против друг, мислам дека го кренавме нивото на врвот. Луѓето не можат да го видат тоа поради ривалството на теренот, тој добар однос надвор од него. Мислам дека тоа не прави посебни.

Бидејќи Јаник е познат како некој кој е многу добар на бетон, Алкараз вели дека и покрај тоа е подготвен да се спротивстави.

– Тоа би била голема работа, мислам дека ги освои последните три Гренд слема на бетон, ако не грешам… Игра неверојатен тенис на оваа подлога. Се подготвувам за тоа дека ќе се сретнеме некаде. Тоа ќе биде спектакл. Се надевам дека ќе се сретнеме во финалето. Ако го победувам повеќе… Тој ќе има поголема цел!

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Овие зборови на Ѓоковиќ најверојатно Синер никогаш нема да ги заборави

Повеќе од полуфинале – предизвик во огледало. Така Новак Ѓоковиќ го доживува следнио…