Дома Фудбал Алкараз го посети кампот на Реал Мадрид и му се понуди на Анчелоти: Шефе, можам да играм крило!

Алкараз го посети кампот на Реал Мадрид и му се понуди на Анчелоти: Шефе, можам да играм крило!

Најдобриот шпански тенисер, Карлос Алкараз, пред натпреварот против Севиља го посети кампот на фудбалерите на Реал Мадрид и имаше можност да се поздрави и разговара со првотимците на најтрофејниот европски клуб.

Третиот тенисер на АТП-листата доби чест да разговара и со тренерот на „кралскиот клуб“, Карло Анчелоти, на кој му предложи да го земе во тимот:

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Подготвен сум да играм ако ви требам. Можете да ме користите на позиција крило.”, кажа на шега Алкараз додека се поздравуваше со трофејниот италијански стручен штаб.

Нешто подоцна, тенисерот возејќи се кон стадионот во друштво на легендарниот бразилски репрезентативец Роберто Карлос:

„Можам да играм лево крило, а потоа да ‘влезам’ внатре и да нападнам гол на противникот“, посочи тој.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сведоштво на Асенсио за страшниот судир: Не знаев каде сум и што се случува…

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио (23), настрада во 74-тата минута од реванш…