
Ракометарите на Алкалоид веќе испишаа историја со пласманот во големото финале на ЕХФ Европскиот куп, а сега имаат шанса својот историски успех да го заокружат со освојување на трофејот.
Финалните натпревари меѓу Алкалоид и грчкиот АЕК ќе се одиграат во два наврати: првиот меч е закажан за викендот на 17/18 мај, додека реваншот ќе се одигра една недела подоцна, на 24/25 мај.
Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓
Клучниот момент за тоа каде ќе се одигра првиот дуел ќе биде утрешната ждрепка во Виена, која е закажана за 11 часот. Таа ќе одреди дали Алкалоид ќе биде домаќин на првиот натпревар во Македонија или ќе гостува најпрвин во Грција.
Фото: RK Alkaloid