
По освојувањето на шампионската титула, во Ливерпул се подготвуваат за значајни промени во составот, особено ако се земе предвид заминувањето на Трент Александар-Арнолд во Реал од Мадрид.
Сепак, постои можност Енфилд да го напушти уште еден од клучните играчи во екипата на Арне Слот до крајот на летниот трансфер период.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Турскиот новинар Али Наси Кудак сподели информација дека Галатасарај е многу заинтересиран за ангажманот на голманот на „црвените“ Алисон (32), откако Фернандо Муслера го напушти клубот по 14 години.
Истиот извор сугерира дека Бразилецот е подготвен да ги намали своите финансиски услови и би прифатил плата од 15.000.000 евра по сезона, што е за 10.000.000 евра помалку од актуелниот договор што истекува во летото 2027 година.
Алисон пристигна во Ливерпул во 2018 година и оттогаш освои речиси секој можен трофеј, некои и повеќе пати. Сепак, доаѓањето на Мамардашвили, кој со своите одбрани во Валенсија го освои фудбалскиот свет, може да го поттикне заминувањето на бразилскиот репрезентативец од Ливерпул.
Иако за такво нешто, барем засега, нема индиции од Островот.
Ова не е прв пат искусниот голман на „црвените“ да биде поврзан со Галатасарај, кој по новата шампионска титула има сериозни европски амбиции, откако не обезбеди место во Лигата на шампионите следната сезона.