Дома Фудбал Алисон е најдобриот играч оваа недела во Лигата на шампиони

Алисон е најдобриот играч оваа недела во Лигата на шампиони

Голманот на Ливерпул Алисон Бекер денеска е прогласен за најдобар играч на Лигата на шампионите оваа недела, во која се одиграа првите натпревари од осминафиналето на елитното европско натпреварување.

Алисон на натпреварот против Пари Сен Жермен, кој неговиот тим го доби во гости со 1:0, се истакна и пружи натпревар од соништата, спречувајќи ги играчите на францускиот тим да се радуваат со убедлива победа, одбрани четири зицери и забележа дури девет одбрани, со што постави нов клупски рекорд по број на интервенции во еден натпревар од Лигата на шампионите.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


Второто место во изборот за најдобар играч на неделата го освои напаѓачот на Реал Мадрид Родриго, трет беше центарфорот на Бајерн Минхен Хари Кејн, додека четвртото место му припадна на играчот од средниот ред на Арсенал Мартин Одегард, се вели во објавата на Лигата на шампионите на социјалната мрежа „Икс“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интер со вчерашната голема победа и добро профитираше: Еве колку заработија „нераѕурите“

Интер со победата 4:3 во реваншот на полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона…