
Тренд Александер-Арнолд го изненади фудбалскиот свет минатото лето кога со флуентен шпански јазик се обрати при неговото претставување во Реал Мадрид. Англискиот дефанзивец, кој го напушти Ливерпул по девет години, откри дека започнал да учи шпански само пет месеци претходно.
Во пресрет на враќањето на „Енфилд“ идниот вторник, каде што ќе се соочи со Ливерпул во рамките на Лигата на шампионите, Александер-Арнолд во видео објавено на социјалните мрежи ги сподели деталите за неговото усовршување на јазикот.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
„Здраво, јас сум Трент. Почнав да учам шпански со Сара пред пет месеци. Претходно не знаев шпански. Сакав да го научам јазикот за подобра комуникација со моите соиграчи, тренерот и навивачите во Мадрид, како и да се вклопам подобро во културата,“ изјави тој.
„Лекциите ми беа многу интересни бидејќи беа фокусирани на фудбалската терминологија. Учевме зборови и изрази кои ми беа неопходни за медиумските конференции, интервјуата и секојдневната комуникација со клупските соиграчи. Ова многу ми помогна и уживав во секоја лекција,“
Неговата учителка по шпански, Сара Дуке, која подучуваше и други фудбалски ѕвезди како на пример Јулијан Алварез, го пофали Александер-Арнолд на социјалните мрежи. „Пет месеци. Толку време требаше, но не беше лесно,“ напиша таа на Инстаграм.
„Трент не само што научи шпански. Одлучи да започне од нула, да звучи несовршено, но упорно да продолжи напред, ден по ден. Кога застана на сцената во Мадрид и зборуваше мирно, јасно и искрено, тоа не беше само заради течноста во јазикот. Тоа беше заради почитта, храброста и искрената желба да биде дел од тимот,“ истакна Дуке.
„Како негова учителка по шпански, тој момент за мене беше се. Затоа што видов повеќе од играч кој зборува друг јазик – видов личност која се развива. Во фудбалот, зборовите можат да изградат доверба, поврзаност, идентитет. И тоа е вистинскиот професионализам.“
 
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  
  Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!
Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!