
Кога Александер Исак ја прими топката од Флориан Вирц и постигна погодок на стадионот на Тотенхем, многумина веруваа дека неговата кариера на Енфилд конечно ќе тргне во нагорна линија. Но, наместо да се радува, шведскиот напаѓач, чија вредност е проценета на 150 милиони евра, заврши на тревата по дуелот со Мики ван де Вен.
Швеѓанецот излезе од теренот со болна гримаса на лицето, а првите прогнози укажуваат на фрактура на левото стапало, што би можело да го отстрани од терените неколку месеци. Со оглед на тоа дека јануарскиот трансфер период е на прагот, раководството на Ливерпул сигурно размислува за замена за него.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Црвените веројатно нема да вложат огромни средства за да обезбедат нов „деветка“ веќе следниот месец.
Според Дејли Мејл, се издвојуваат четири потенцијални напаѓачи кои Арне Слот би можел да ги разгледа како засилувања за својата екипа: Иван Тони, Душан Влаховиќ, Александар Митровиќ и Дени Велбек.