
Напаѓачот на Арсенал, Габриел Жезус, е едно од имињата што се поврзуваат со потенцијално трансфер во Милан оваа зима, информира „Кориере дело Спорт“.
Според извори од Италија, Милан има намера да доведе нов напаѓач во зимскиот преоден рок, а на листата потенцијални засилувања се наоѓа и Жезус, заедно со Џошуа Зиркѕе од Манчестер Јунајтед, Николас Филкруг од Вест Хем и Андреа Пинамонти од Сасуоло, поранешен играч од младинските редови на Интер.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Италијанските медиуми пишуваат дека менаџерите на Милан не планираат огромни финансиски трошења во зимскиот преоден рок, но евентуалното заминување на Сантијаго Хименез и Рубен Лофтус-Чик би можело да обезбеди средства за купување нов напаѓач.
Меѓутоа, според истите извори, Хименез не е заинтересиран за напуштање на Милан во оваа фаза.
Доколку се случи промена во ситуацијата, Жезус би можел да биде една од опциите за Милан.
Бразилскиот фудбалер штотуку се врати по повреда и сака поголема играчка минутажа во вториот дел од сезоната, нешто што можеби нема да го добие во Арсенал поради конкуренцијата што ја има во тимот на Микел Артета.
Како што наведува „Кориере дело Спорт“, Жезус има амбиција да се врати во бразилската репрезентација пред Светското првенство 2026, што значи дека за него е клучно редовно да игра.
Истите извори велат дека од јануари до крајот на сезоната неговата заработка би изнесувала над 3.000.000 евра.
Габриел Жезус има договор со Арсенал до јуни 2027 година.