Дома Фудбал Алегри: Милан не му треба револуција, туку ред и дисциплина

Алегри: Милан не му треба револуција, туку ред и дисциплина

Новиот главен тренер на Милан Масимилиано Алегри увери дека ќе работи на создавање на силен тим кој ќе биде фактор. Специјалистот се враќа кај “росонерите”, кои веќе ги направи шампиони во 2011 година.

“Среќен сум што сум тука. Денес започнуваме оваа авантура во која ќе се обидеме да постигнеме големи успеси”, започна тренерот на прес-конференција денес.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


“Убеден сум дека нема потреба од револуција, но треба да работиме со ред и професионализам. Штом малку започнавме, веќе го споделуваме дневниот живот и оваа фантастична авантура почнува. Среќен сум и возбуден да се вратам во Милан, каде повторно се среќавам со познати лица и запознавам нови. Се обидувам да ги поставам играчите во најдобрите услови за победа, но верувам дека основа е клубот – тој треба да биде извор на поддршка.

Моето враќање во клубот не е форма на одмазда кон никого. Можам само да му заблагодарам на Јувентус. Дали имав други понуди? Најважната понуда за мене беше таа од Милан и сум задоволен со мојот избор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл донесе страшно засилување од 64 милиони

Офанзивецот на Нотингем Форест, Ентони Еланга, е новиот фудбалер на Њукасл. Оваа вест вече…