Дома Фудбал Алегри: Ќе се соочиме со најсилниот тим во првенството

Алегри: Ќе се соочиме со најсилниот тим во првенството

Тренерот на Милан Масимилијано Алегри даде многу ласкави зборови за Интер пред утрешното градско дерби, и нагласи дека неговиот тим е фокусиран само на самиот натпревар.

„Дербито секогаш е уникатен и посебен натпревар, кој е задоволство да се игра и доживее. Сигурно ќе биде прекрасна спортска вечер со дуел меѓу првиот и вториот. Трите поени се важни како за дербито, така и за следната недела. Нема да биде лесно да ги освоиме утре. Се соочуваме со силен состав, кој победи речиси во сите свои натпревари, освен едно реми и четири порази.“

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Ќе се обидеме да постигнеме резултат, бидејќи само тоа е важно. Утревечер, единственото што треба да го направиме е да го одиграме и доживееме натпреварот, а потоа ќе видиме како ќе заврши. По натпреварот ќе видиме дали сè уште ќе заостануваме со 10 поени, или ќе бидат само 7, или пак ќе станат 13. Без разлика на утрешниот натпревар, треба да бидеме свесни за нашата цел, затоа што 57 поени не се доволни за Лигата на шампионите. Тимовите зад нас собираат поени, а ние имаме тешка програма: дуели со Интер, Јувентус, Наполи, Лацио и Аталанта. Сè уште ни се потребни уште неколку победи.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Драма во Мадрид поради Килијан Мбапе!

Повредата на првата ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, создава сериозни проблеми за „кр…