
Мануел Нојер, голманот на Баерн Минхен, се здоби со повреда за време на саботниот натпревар против Вердер, која изгледа е посериозна од тоа што првично се претпоставуваше.
Нојер го заврши натпреварот во Бремен уште на полувремето, кога на негово место меѓу стативите застана Јонас Урбиг. Иако тренерот на Баварците, Компани, уверуваше дека замената е направена од претпазливост, се чини дека на искусниот голман му претстои одредена пауза.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Дека состојбата е посериозна од првичните претпоставки, потврдија и од редовите на Баерн, со напомена дека капитенот ќе биде надвор од составот во наредниот период.
Како што наведува угледниот “Билд”, по прегледот е утврдено дека Нојер претрпел руптура на мускулот на левата потколеница, што значи дека го очекува пауза од три недели. Тоа значи дека искусниот голман ќе ги пропушти натпреварите против Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Дортмунд, а можеби и натпреварот со Борусија Менхенгладбах, кој е закажан за 6 март.
Во Лигата на шампионите, Баерн повторно ќе игра дури во осминафиналето, на 10/11 и 17/18 март, и за тие натпревари Нојер би требало да биде подготвен.