
Бурна зима ќе биде на Енфилд, а тоа особено се однесува на јануарскиот трансфер период, според последните неофицијални информации споделени од островските медиуми.
Многу се пишуваше претходните денови за судбината на Мохамед Салах, по писмото што го објави во кое изрази незадоволство откако три натпревари мина на клупата.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Наводно, несогласувањата биле на релација Слот – Салах, а ситуацијата се смири малку на почетокот на неделата.
Некои медиуми блиски до Ливерпул објавија дека Салах сега оди на Африканскиот куп на нации и дека ќе се врати по тоа.
Се зборуваше и за трансфер во Саудиска Арабија, но во Ливерпул ја смирија ситуацијата и наведоа дека Салах останува.
Сепак, новите вести од Островот ги загрижија навивачите на Ливерпул. Наводно, “Црвените” почнаа сериозни преговори со Борнемут околу трансферот на Антоне Семењо, крилен фудбалер.
Порано се шпекулираше дека Семењо доаѓа само доколку Салах го напушти клубот.
Сега новите информации дополнително ги загрижија навивачите на Ливерпул, поединци на социјалните мрежи сметаат дека клубот нешто крие во врска со Салах?
Семењо е одамна мета на “Црвените”, па ќе видиме што ќе се случи во наредните денови.
Многу работи ќе бидат појасни откако Салах ќе се врати од Африканскиот куп на нации, каде што настапува со Египет.