
АЛ НАСР неодамна договори продолжување на соработката со Кристијано Роналдо, а сега Саудијците наводно подготвуваат “екипа од соништата”. Според пишувањата на Марка, следното лето се планира да се потрошат неверојатни 400 милиони евра на три спектакуларни засилувања. Но, да се доведат барем двајца од нив ќе биде речиси невозможно.
Според информациите на угледниот шпански весник, Ал Наср веќе тајно преговарал со Винисиус Жуниор, а Реал Мадрид би можел да инкасира дури 250 милиони евра во случај на трансфер. Втората цел на клубот е Габриел, стоперот на Арсенал, за кој се подготвени да понудат 50 милиони евра.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Исто така, известуваат дека се заинтересирани за доведување на Мојсес Каиседо, средниот играч на Челси, за кој сакаат да понудат 100 милиони евра, иако ќе биде тешко да го убедат за трансфер. Плановите на Ал Наср се доста амбициозни, но не би било првпат да доведат големи ѕвезди во клубот.
Ал Наср се наоѓа на трето место во Саудиската Про лига со 57 бодови, 11 помалку од водеќата Ал Итихад (68 бодови) и пет бодови зад второпласираната Ал Хилал (62 бодови). Во петокот запишаа пораз во гости кај Ал Кадсија (2:1).