Дома Фудбал Ал Хилал заинтересиран за Нуњез, Ливерпул очекува понуда

Ал Хилал заинтересиран за Нуњез, Ливерпул очекува понуда

Летото во Саудиска Арабија стана особено интересно во последните години гледано од аспект на фудбалските трансфери.

Клубовите од Сауди Про Лигата продолжуваат да нудат огромни суми и да привлекуваат таленти, а засега најгласните имиња што пристигнаа во овој трансфер период се Матео Ретеги, Тео Ернандес и Жоао Феликс.

Ал Хилал, клуб кој е навикнат на големи трансакции, сега се насочува кон едно име – Дарвин Нуњез. Уругваецот, кој на Мерсисајд пристигна како иднината на нападот, стана приоритет за најтрофејниот саудиски клуб.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претходно се обидоа да го добијат Виктор Осимен, а на листата со желби се најдоа и Александар Исак и Бенџамин Шешко. Меѓутоа, Осимен заврши во Галатасарај, додека Исак и Шешко моментално претставуваат “невозможна мисија”. Поради тоа, фокусот се префрла на Нуњез, а во клубот интензивираа сите планови за обид да го доведат напаѓачот, кој пред две години пристигна од Бенфика за сума која со бонуси достигнува 100 милиони евра.

Ал Хилал веќе летово започна контакти со Ливерпул и ги испита можностите, иако сè уште нема испратено официјална понуда до “црвените”. Интересот е забележан, а во Ријад веруваат дека Нуњез би бил идеален во системот на Симоне Инзаги. Се чини дека и Уругваецот не би бил против трансфер доколку стигне конкретна понуда.

Нуњез ја заврши сезоната со 47 настапи и седум голови, но во Премиер лигата само осум пати почна како стартер. Во меѓувреме, Ливерпул реши дополнително да ја засили нападната линија, доведувајќи го Хуго Екитике од Ајнтрахт Франкфурт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И тоа се случи: Манчестер јунајтед освои трофеј по реми со Евертон (Видео)

Фудбалерите на Манчестер јунајтед синоќа ја освоија летната серија на Премиер лигата во Ат…