Дома Останати Тенис Алкараз: Ѓоковиќ може да игра на Олимпијадата во Лос Анџелес 2028

Алкараз: Ѓоковиќ може да игра на Олимпијадата во Лос Анџелес 2028

Директорот на „Лакост“, еден од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ, неодамна изјави дека најголемиот тенисер на сите времиња можеби ќе ја брани златната медала на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028.

Карлос Алкарас, кого Ѓоковиќ го победи во борбата за златото минатото лето во Париз, верува дека тоа сосема е возможно.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


– Убеден сум дека тој е во одлична физичка форма и ќе зависи само од него. Верувам дека си поставил цел да игра на уште една Олимпијада и мислам дека тоа може да го оствари. Тој многу води грижа за своето тело за да остане постојано 100 проценти подготвен. Доколку успее во тоа, уверен сум дека може да го изведе. Бидејќи би бил пресреќен ако продолжи да игра на Турнејата уште многу години, да делиме вакви моменти, да делиме големи турнири. Навистина би ми било драго ако тоа се случи.

Фотографија: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Синер откри без што не може да се замисли: Подобро една недела без тенис (Видео)

Јаник Синер за време на Ју-Ес Опен потпиша договор со нов спонзор. „Експлора патувања“ ќе …