Дома Фудбал Ако не го добие Исак, Ливерпул тргнува по тандем од 180 милиони евра!?

Ако не го добие Исак, Ливерпул тргнува по тандем од 180 милиони евра!?

Фудбалскиот клуб Ливерпул на сите начини се обидува да го засили својот напад, Александер Исак е првата цел, но не и единствената.

Ливерпул го извести Њукасл дека е подготвен да испрати официјална понуда за Исак, Швеѓанецот даде зелено светло, но операцијата нема да биде ниту малку лесна. Њукасл не сака да го продаде својот најдобар играч, напротив, и понатаму планира да го спари со Уго Екитике од Ајнтрахт, но Немците ја одбија понудата од 80.000.000 евра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


И тука на сцена стапува – Ливерпул.

Независни извори тврдат дека Ливерпул ќе го преземе Екитике ако Њукасл одбие да го продаде Исак. Флориан Плетенберг тврди дека Ливерпул сериозно е заинтересиран за Екитике и дека во овој момент е пред Њукасл за неговиот потпис.

Екитике нема да биде евтин, но сепак ќе биде значително поевтин од Исак. Во Ливерпул веруваат дека 90.000.000 евра би биле доволни за неговиот потпис, тоа е десет повеќе отколку што понудил Њукасл, а Французинот би дошол со задоволство на „Енфилд“.

Но, и тука не е крајот, затоа што „ЕСПН Бразил“ во текот на ноќта пренесе дека Ливерпул е сериозен во трката за потпис – Родриго!

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Мадрид се подготвува нешто СЕНЗАЦИОНАЛНО: Алонсо ќе добие што му одговара – Лаутаро наместо Винисиус!

Во најновите шпекулации од шпанската спортска сцена, се објави информација дека Реал Мадри…