Дома Фудбал Aко Арсенал не ја освои титулата, Артета заминува – веќе се размислува за негов наследник!

Aко Арсенал не ја освои титулата, Артета заминува – веќе се размислува за негов наследник!

По нерешениот резултат на домашен терен против Борнмут, иднината на Микел Артета на кормилото на Арсенал е под голем знак прашање.

По поразот во финалето на Карабао купот и елиминацијата од страна на второлигаш во ФА купот, Артета има на располагање борба за премиерлигашката титула и за Лигата на шампионите.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Додатните проблеми на домашниот терен ги усложнуваат околностите, а сето тоа се случува пред важниот натпревар кој Арсенал в недела ќе го игра на „Етихад“ против Манчестер Сити.

Доколку Арсенал не успее да освои трофеј во Премиер лигата или во Лигата на шампиони, тоа би можело да значи крај за Артета во клубот.

Англиските медиуми толкуваат дека управата на Арсенал веќе го избрала новиот тренер, ако дојде до такво сценарио.

Арсенал влезе во натпреварот против Борнмут со девет поени предност, но со еден одигран натпревар повеќе.

Сепак, поразот дома и убедливата победа на Манчестер Сити против Челзи со 3:0 ја променија ситуацијата.

Ако Манчестер Сити го победи Арсенал в недела, тие ќе се приближат на само три поени разлика, сè со тоа што би имале и натпревар помалку и можност за изедначување со Топџиите.

Според странските медиуми, управата на Арсенал веќе го подготвила потегот за замена на Артета, тврди шпанскиото издание Mundo Deportivo.

“Ако не успее да освои Премиер лига или Лига на шампиони, Артета следната сезона нема да остане во Арсенал.

Клубот веќе има идеален кандидат за негов наследник, а тоа е Сеск Фабрегас, кој има фантастична сезона со Комо и игра атрактивен фудбал што му овозможува на клубот борба за европските натпреварувања”, пишуваат шпанските новинари.

Од овие причини, јасно е дека Артета мора да спроведе промени ако има намера да ја задржи својата позиција на тренерската позиција во Арсенал и следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од отпишаните до нов договор: Керик ја промени судбината на еден од фудбалерите

Тренерот на Манчестер Јунајтед Мајкл Керик изјави дека фудбалерот Коби Мејну е блиску до п…