Дома Фудбал Аjтана Бонмати триумфира со „Златната топка“ трета година по ред

Аjтана Бонмати триумфира со „Златната топка“ трета година по ред

Ѕвездата на Барселона Ајтана Бонмати ја освои „Златната топка“ кај жените трета година по ред.

Таа е првата натпреварувачка кај дамите која го подигнува највредното индивидуално признание во фудбалот по трет пат. 27-годишната Шпанка го заслужи признанието во конкуренција со својата сонародничка Мариона Калдентеј.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Бонмати направи требл на домашната сцена со Барса, а со националниот тим стигна до финалето на Европското првенство, каде што Шпанија загуби од Англија. Бонмати беше на губитничката страна и во финалето на Лигата на шампиони против Арсенал.

„Трета година по ред го освојувам ова признание. Верував дека е возможно да се случи и чувството е неверојатно. Би сакала наградата да ја споделам со моите соиграчки. Годината беше многу посебна. И други можеа да го освојат признанието. Андрес Иниеста е еден од моите идоли и ми е драго што токму тој ме награди“, изјави Бонмати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва го информирал Манчестер Сити за својата одлука

Еден од омилените играчи на Гвардиола во Манчестер Сити – Бернардо Силва, веќе го ин…