Дома Фудбал Агонијата заврши: Пикси повеќе не е селектор на Србија

Агонијата заврши: Пикси повеќе не е селектор на Србија

Драган Стојковиќ Пикси повеќе не е селектор на Србија, дознава “Телеграф”.

По историскиот дебакл и поразот од Албанија во Лесковац со 1:0 кој ги затвори вратите кон Светското првенство, Стојковиќ повеќе немаше каде.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Навивачите на стадионот “Дубочица” скандираа “Пикси замини”, а Стојковиќ одлучи да им ја исполни желбата и поднесе оставка.

Србија со Стојковиќ на клупата играше на Светското првенство во 2022 и на Европското првенство две години подоцна.

Сепак, во последните месеци Пикси ја загуби довербата на јавноста и неславно го заврши неговиот престој меѓу “орлите”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mбапе не им верува на докторите во Реал, го напуштил Мадрид!

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, го напушти Мадрид и отпатува за Франција. Според …