Дома Фудбал Агентот на Мбапе јавно го повикува својот соиграч да дојде во Мадрид?

Агентот на Мбапе јавно го повикува својот соиграч да дојде во Мадрид?

Килијан Мбапе денес зборуваше на прес-конференција пред утрешниот натпревар помеѓу Франција и Украина и притоа јавно го пофали и својот соиграч, Дајо Упамекано.

Како што веќе пишувавме, Упамекано е на мета на Пари Сен Жермен, а се споменува и Реал Мадрид и токму тука го „индиректно“ покани Мбапе да го направи следниот чекор во кариерата. На забелешката на новинарот дека Упамекано е еден од најдобрите стопери во светот и дали како таков му е потребен на Реал Мадрид, Мбапе одговори со насмевка.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Тој е полн со самодоверба и на пат е да стане еден од најдобрите оваа сезона. Станува збор за еден од тие доминантни дефанзивци кои се способни да играат пресинг, а таквите денес се многу важни. Покрај тоа, тој е способен физички да се носи со напаѓачите и да добива дуели, а тактички е феноменален. Игра во голем клуб, Бјерн Минхен, и нема многу подобри, но има и подобри,” рече низ насмевка загонетниот Мбапе и продолжи:

„Нема да кажам ништо повеќе од почит кон неговиот клуб и кон Упамекано, но кога зборуваме за играч од таков калибар, логично е дека ќе го посакува секој клуб во Европа,” истакна Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Бомба“: Барселона го купува Хари Кејн

Британски „Гардијан“ лансираше вистинска „бомба“ и пренесува дека капитенот на Англија, Ха…