Дома Фудбал Агентот на Енцо Фернандес: Казната од Челси е сосема неправедна

Агентот на Енцо Фернандес: Казната од Челси е сосема неправедна

Агентот на Енцо Фернандес – Хавиер Пасторе, ја коментираше ситуацијата со неговиот клиент и изрази несогласување со одлуката на Челси да го казни аргентинскиот репрезентативец.

Како што е познато, претходно во текот на денот менаџерот на “сините” од Лондон објави дека играчот од средината ја преминал границата со некои од своите изјави за време на меѓународната пауза. Поради оваа причина, играчот нема да игра во следните два натпревари – против Порт Вејл за ФА Купот и против Манчестер Сити во Премиер лигата. Станува збор најмногу за зборовите на Фернандес дека не знае дали ќе остане во Челси и дека како град за живеење многу му се допаѓа Мадрид.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Кога беше замолен да го коментира ова, агентот на аргентинецот рече: “Енцо не ја разбра ситуацијата. Кога му кажа неговиот тренер, тој прифати, зашто е голем професионалец кој секогаш е целосно посветен, каде и да е, и ги почитува одлуките. Но ние не ја разбираме казната, затоа што тој не спомена ниту еден клуб, ниту кажа дека сака да го напушти Челси, далеку од тоа.

Тој спомена само Мадрид, градот, затоа што беше прашан во кој европски град би сакал да живее еден ден. И тој рече Мадрид поради јазикот, затоа што наликува на Буенос Аирес и затоа што е логично – сосема природно е за еден аргентинец да го каже тоа – а исто така и поради културата, времето… Но во ниту еден момент не кажува дека сака да го напушти Челси или Лондон”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бернардо Силва има рок да каже „ДА“ на Јувентус, неговиот сонародник му предлага други опции

Триесет и едногодишниот португалски играч за врска Бернардо Силва полека го завршува својо…