Дома Фудбал Африкански фудбалер почина поради бизарна причина, зад сè стои „магија“ (Фото)

Африкански фудбалер почина поради бизарна причина, зад сè стои „магија“ (Фото)

Голема трагедија ја потресе фудбалската јавност во Бурунди, откако за време на првенствен натпревар почина Игиранеза Еме Герик, фудбалер на второлигашкиот клуб „Les Guepiers du Lac“. Несреќниот инцидент се случи во сабота, на натпреварот против екипата „LLB Amasipiri Never Give Up“, кој се одигра на теренот на Националниот технички центар Нгагара.

Според официјалното соопштение на Фудбалската федерација на Бурунди (ФФБ), играчот одеднаш му се слоши среде натпреварот, по што медицинскиот тим веднаш реагираше и се обиде да му даде помош на теренот. Сепак, и покрај брзата интервенција, младиот фудбалер почина за време на транспортот до болницата, што предизвика шок и неверување меѓу соиграчите, стручниот штаб и навивачите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако официјалната причина за смртта сè уште не е потврдена, локалните медиуми пренесуваат потресни сведочења на соиграчите, според кои Герик наводно изгуби свест откако се задуши откако проголташе паричка. Според „Radio Publique Africaine“, станува збор за таканаречен „грис-грис“ талисман, кој во одредени делови на Африка се поврзува со ритуали на гатање и магија.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

И Најдоски се огласи: Ангеловски не е име и презиме што заслужува реакција!

По реакцијата на Новески, следен кој испрати одговор до Игор Ангеловски е Илија Најдоски. …