Дома Останати Ракомет АЕК во финалето во „Борис Трајковски“ ќе гостува со навивачи!

АЕК во финалето во „Борис Трајковски“ ќе гостува со навивачи!

Сè е подготвено за големото финале во Европскиот куп – реванш-натпреварот меѓу Алкалоид и АЕК, кој ќе се одигра во недела во скопската сала „Борис Трајковски“, ветува вистинска спортска драма, квалитетен ракомет и атмосфера за паметење.

Според најавите од грчките медиуми, клубот од Атина веќе побарал одреден контингент билети за своите навивачи, со што се очекува гостински дел на трибините да биде пополнет со неколку стотини фанови на АЕК. Нивната цел е јасна – да обезбедат поддршка за својот тим во обидот да ја анулираат негативата од четири гола.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Алкалоид, пак, има златна шанса пред себе. Македонскиот претставник одигра блескаво на гостински терен и славеше со 29-25 во првата средба во Атина, резултат што му носи комотна, но не и сигурна предност. Под водство на Кирил Лазаров, скопскиот состав во недела ќе се обиде да го стави финалниот печат на една историска европска кампања и да го донесе првиот европски трофеј во витрините на клубот.

Очекувањата се за пеколна атмосфера во „Борис Трајковски“, полни трибини и неизвесност до последниот свиреж. Доколку го одбрани стекнатото водство, Алкалоид ќе ја впише својата приказна меѓу легендите на македонскиот ракомет, како четврти клуб со меѓународна круна, по Вардар и Кометал Ѓорче Петров.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вардар не запира, пред потпис е со уште еден српски ракометар!

Ракометарот на Динамо Панчево, Марко Тасиќ е пред трансфер во Вардар, дознава Mozzart Spor…