Дома Останати Кошарка Адебајо откако постигна 83 поени во НБА: Слушам дека не играле одбрана…

Адебајо откако постигна 83 поени во НБА: Слушам дека не играле одбрана…

Адебајо уште од почетокот на натпреварот беше одлучен. Веќе во првата четвртина постигна 31 поен, на полувремето имаше 43, а пред последниот период веќе имаше 62 поени. Финалната статистика му беше 20/43 шут од игра, со седум тројки од 22 обиди.

“На полувремето разговаравме дека треба да видиме до каде можам да стигнам, но без да претераме. Слушав приказни дека Вашингтон не играл одбрана, но сепак тие се НБА тим. Моите соиграчи продолжија да ми додаваат и јас продолжив со добрата игра.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Си помислив дека морам да притискам и да ја следам целта за рекорд, откако постигнав 70 поени во три четвртини. Коби Брајант беше мојот идол кога бев мал. Ги следев неговите настапи. Беше тотално фокусиран сите 48 минути од натпреварот. За жал, никогаш не го запознав лично. Се прашувам што би ми рекол денес ако го видел ова. Веројатно би ми рекол да го повторам”, изјави Адебајо по натпреварот.

Рекордот на Адебајо е изненадување за љубителите на НБА кошарката. Центарот на Мајами не е познат за постигање толку високи бројки.

Пред пет години, постигна 41 поен против Бруклин Нетс. Оваа сезона има просек од 20 поени. Три пати бил избран за Ол-Стар играч, последен пат пред две години. Неговиот Мајами има резултат 37-29 и е на шестото место на Источната конференција на НБА.

Бам Адебајо одигра неверојатeн и историски натпревар постигнувајќи 83 поени за Мајами Хит кој го водеше до триумф од 150:129 против Вашингтон Визардс. Со оваа изведба, тој постигна втор најдобар резултат во историјата на НБА, веднаш зад Вилт Чемберлејн и неговите 100 поени на еден натпревар..

Адебајо уште од почетокот на натпреварот беше одлучен. Веќе во првата четвртина постигна 31 поен, на полувремето имаше 43, а пред последниот период веќе имаше 62 поени. Финалната статистика му беше 20/43 шут од игра, со седум тројки од 22 обиди.

“На полувремето разговаравме дека треба да видиме до каде можам да стигнам, но без да претераме. Слушав приказни дека Вашингтон не играл одбрана, но сепак тие се НБА тим. Моите соиграчи продолжија да ми додаваат и јас продолжив со добрата игра.

Си помислив дека морам да притискам и да ја следам целта за рекорд, откако постигнав 70 поени во три четвртини. Коби Брајант беше мојот идол кога бев мал. Ги следев неговите настапи. Беше тотално фокусиран сите 48 минути од натпреварот. За жал, никогаш не го запознав лично. Се прашувам што би ми рекол денес ако го видел ова. Веројатно би ми рекол да го повторам”, изјави Адебајо по натпреварот.

Рекордот на Адебајо е изненадување за љубителите на НБА кошарката. Центарот на Мајами не е познат за постигање толку високи бројки.

Пред пет години, постигна 41 поен против Бруклин Нетс. Оваа сезона има просек од 20 поени. Три пати бил избран за Ол-Стар играч, последен пат пред две години. Неговиот Мајами има резултат 37-29 и е на шестото место на Источната конференција на НБА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дончиќ е чиста магија: Го урна рекордот на Коби Брајант во Лејкерс, повторно заблеска со трипл-дабл (Фото)

Неверојатниот словенечки кошаркар, Лука Дончиќ продолжи да блеска и оваа ноќ во НБА лигата…