Дома Фудбал Aтлетико ако остане без ЛШ, може да остане и без Диего Симеоне

Aтлетико ако остане без ЛШ, може да остане и без Диего Симеоне

Диего Симеоне во својот договор има клазула која би можела да стапи на сила ова лето. Имено, ако Атлетико остане без пласман во Лигата на шампионите, најплатениот тренер во светот би можел да го напушти Мадрид после повеќе од една деценија.

Во медиумите во Шпанија се шпекулира дека Симеоне повеќе нема таква мотивација и чувствува дека му е потребна промена, ја освои титулата минатата сезона, го повтори успехот од пред осум години, но малку веројатно е дека може да стигне до единствениот пехар кој му недостасува, оној во Лигата на шампионите.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Атлетико со поразот во Баскија си ја искомплицира работата. Сега, Бетис кој исто така не успеа да победи на гостувањето против Гетафе е на три бода од „јорганџиите“. За викендот се игра градското дерби против Реал Мадрид, а без оглед на тоа што „кралевите“ веќе ја освоија титулата ќе сакаат победа против големиот ривал.

Колку не се сакаат овие два клуба покажува и тоа што Атлетико покрај Осасуна беше единствениот клуб кој не му честиташе на Реал Мадрид на освоената титула, а најавите се и дека нема да им приредат ниту шпалир натпреварот кој им следи. Добро за Атлетико е што и Бетис има тежок натпревар против Барселона.

До крајот во последните три кола Бетис ќе оди кај Валенсија ја пречекува Гранада и му гостува на Реал. Атлетико од друга страна гостува кај Елче, им доаѓа Севиља и во последното коло одат во „Сан Себастијан“.

Ќе потсетиме Симеоне има договор од 23 милиони евра годишно, поплатен е од Гвардиола, а без Лигата на шампионите и прашање е колку клубот може да го издржи тој финансиски терет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…