Арсенал сериозно го засили тимот за новата сезона и со тоа се потврдија големите амбиции на тимот, менаџерот Микел Артета донесе и одлука за нов капитен.
Привременото решение Лаказет си замиан од Лондон, па така капитенската лента му припадна на Норвежанецот Мартин Одегард. Иако тој е еден од помладите сепак ја доби честа да биде капитен на „топџиите“.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Одлуката можеби е малку чудна, но шпанскиот стратег има објаснување.
„Сезонава имавме можност да го одредиме капитенот на начин на кој веруваме дека ќе функционира. Со Мартин избравме фудбалер кој со нас е 18 месеци и кој ги претставува вредностите на клубот. Тој е почитуван од соиграчите и вработените, среќен сум што имам таков играч на располагање“, изјави Артета.
Арсенал новата сезона во Премиер лигата ја стартува утре со мечот против Кристал Палас.