Дома Фудбал Англија Aртета за Обамејанг: Мислам дека наскоро се ќе биде готово

Aртета за Обамејанг: Мислам дека наскоро се ќе биде готово

Вчера во англиските медиуми се појави вест дека Пјер Емерик Обамејанг многу брзо ќе потпише нов договор со Арсенал.

Тренерот на фудбалерите на Арсенал, Микел Артета денес изјави дека навивачите на Арсенал можат да бидат мирни кога во прашање е иднината на Обамејанг.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Договорот на 31 годишниот фудбалер истекува на крајот на сезоната 2020/2021, но Артета е убеден дека Обамејанг ќе потпише нов.

„Можам да кажам дека сега сум уште посигурен отколку што бев на крајот од сезоната. Дали мислам дека тоа наскоро ќе биде готово? Да, оптимист сум. Мислам дека навивачите треба да бидат опуштени“, изјави Артета.

Арсенал во овој преоден рок ги доведе Вилијан и Габриел, а Артета истакна дека преодниот рок се уште не е завршен.

„И понатаму сме активни на пазарот, ги разгледуваме опциите. Активни сме кога се трансферите во прашање. Во овој момент билансот на екипата не е идеален. На некои позиции имаме премногу, додека на други ни недостасува квалитет. Има уште простор“, порача Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Вардар со победа во Битола се врати на врвот! (Видео)

Фудбалерите на Вардар повторно ја потврдија доминацијата во „вечното дерби“, откако по тре…