Mикел Артета, менаџерот на Арсенал го најави натпреварот на Саутемптон и ја превзема одговорноста за лошата игра во 2020 година.
Арсенал претрпе четири порази во низа на домашен терен и тоа на клубот му се случи првпат уште од 1974 година. После 12 кола, Арсенал се наоѓа на 15. позиција на табелата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога не победуваме морам да ги понудам градите да ме удрат. Имаат право да ме удрат кога не победуваме. Што друго можам да направам? Да се стегнеме и да работиме подобро. Морате да превземете одговорност бидејќи ова се премногу порази за вака голем клуб во една недела. Моите гради се тука, пукајте“, изјави Артета.