Дома Трансфер зона Aрсенал на Реал ќе му плати огромни пари за едногодишна позајмица на Себаљос

Aрсенал на Реал ќе му плати огромни пари за едногодишна позајмица на Себаљос

Арсенал вчера го потврди доаѓањето на Дани Себаљос на едногодишна позајмица од Реал Мадрид.

Овој млад репрезентативец на Шпанија беше главна ѕвезда на Европското првенство за играчи до 21 година. Денеска англиските медиуми објавија колку пари Арсенал ќе плати за едногодишната позајмица на овој играч.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Имено, Арсенал на Реал ќе му плати 17 милиони евра, а дури нема ниту право на откуп на неговиот договор на крајот од сезоната. Наводно постигнат е усмен договор за преговор околу купување на крајот од сезоната, но никој нема да му гарантира на Арсенал дека Реал нема да постави нереална цена.

Се на се, доколку тврдењата на англиските медиуми се точни, Реал ќе заработи 17 милиони евра, а за година дена ќе го добие Себаљос поискусен за следната сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…