Tренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти на денешната прес-конференција потврди дека Карим Бензема се опоравил и се вратил во тимот.
Французинот е надвор од терените од првото коло во Лигата на шампионите и натпреварот против Селтик. Надвор од терените Бензема беше нешто помалку од еден месец, а сега е спремен да помогне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Да, Бензема се опорави и тренира со нас, ќе биде стартер против Осасуна“, изјави Анчелоти.
Надвор од тимот кај Реал сега е само полесно повредениот Лука Модриќ кој би требало да се врати за една недела.
Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Осасуна на програмата е утре во 21:00 часот.