Ненад Димитријевиќ ги разочарал сите во кошаркарската федерација откако прво побарал да задоцни две недели, а потоа не се појавил на ветениот датум и нема да биде дел од претквалификациите за СП 2023 (12-18 август).
Разочарувањето не го криеше и првиот човек на федерацијата, Перо Антиќ.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Многу сум разочаран од Димитријевиќ. Цело време му давав поддршка, засега не планираме да го казниме, иако ќе го разгледаме дисциплинскиот правилник на федерацијата“, изјави Антиќ.
Бајиќ потврди дека и во иднина ќе го повикува Димитријевиќ.
„Повик ќе добив и во иднина додека јас сум селектор. Резултатите се најважни, а јавноста нека суди со оглед на однесувањето“, порача селекторот Бајиќ.