Челзи вчера преку пенали успеа да дојде до финалето во Лигата на Европа, додека Арсенал порано ја заврши својата работа и триумфираше против Валенсија со 4:2.
Пред Челзи и Арсенал во Лигата на шампионите за финале после спектакуларни пресврти се изборија Ливерпул и Тотенхем. Така ова е прв пат во историјата во двете европски натпреварувања да играат финалисти од иста земја.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во Лигата на шампионите за прв пат после 11 години ќе гледаме англиско финале. Претходното англиско финале го играа Манчестер Јунајтед и Челзи во Москва во 2009 година. Во Лигата на Европа за прв пат гледаме два англиски тима во борба за трофејот.
Она што е посебно интересно е што дури три екипи од четирите финалисти доаѓаат од ист град, Лондон. Лондон е еден од најфудбалските градови има многу тимови од овој град, а сега може да се гордее што ќе има три преставници во финалните средби.
Така овој град има шанса да го стигне Мадрид кој има два европски трофеи во една сезона.
4 – This is the first time that all four places in the Champions League/European Cup and Europa League/UEFA Cup finals will be filled by one country. Domination. pic.twitter.com/GrXFPvAemA
— OptaJoe (@OptaJoe) May 9, 2019