Иако во текот на летото Ливерпул скоро и да не потроши ништо на засилување тимот на Клоп одлично влезе во новата сезона.
Во Премиер лигата Ливерпул после седум кола оствари максимален учинок и имаат дури пет бода предност пред Манчестер Сити кој се очекува да биде нивни најсериозен кандидат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ливерпул е еден од најтрофејните клубови во светот. Актуелниот шампион на Европа шест пати беше најдобар на стариот континент и освои 18 титули во Премиер лигата. Сепак на првенствена титула чекаат уште од 1990 година и навивачите повеќе ја поскуваат таа титула отколку Лигата на шампионите.
Одличниот почеток и тоа како им дава право да се надеваат дека ова може да биде нивна сезона.
„Ливерпул Ехо“ пишува дека Клоп нема намера премногу да троши во зимскиот преоден рок, но дека на неговиот радар се наоѓаат тројца играчи.
Како прва мета означен е Дани Олмо од Јирген Клоп. Втор на листата е Давид Нерес од Ајакс. Бразилецот беше фантастичен во минатата сезона, остана во Амстердам сепак не се очекува да се задржи уште долго.
Нерес го сакаат повеќе гиганти, а Ливерпул ќе се обиде да стигне до неговиот потпис пред конкуренцијата.
Зад овие двајца се најде името на младиот Унгаец, Доминик Шзболаи кој игра во Салзбург и кој Клоп имаше прилика да го види на дело во средата навечер кога Ливерпул го победи овој тим со 4:3.
Liverpool transfer rumours rated – David Neres, Salzburg star and Dani Olmo: Liverpool transfer rumours from around the web as David Neres, Dominik Szoboszlai and Dani Olmo are linked with a move https://t.co/UYN8LVDMEj pic.twitter.com/bDPvrnDa8q
— Soccer Talk (@soccertal) October 4, 2019