Денес од Фудбалската Федерација на Македонија пристигна потврда дека Игор Ангеловски ќе ја води Македонија на Европското првенство идното лето.
Договорот на Ангеловски заврши на крајот на оваа година, а сега е потврдено дека тој ќе биде нашиот селектор на ЕП, нешто и што можеше да се очекува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Благодарност до претседателот на федерацијата и Управниот одбор за довербата. Не се сомневам дека репрезентацијата, како и досега, ќе ги има најдобрите услови за работа.
Ќе го вложам сиот свој потенцијал да возвратиме со добри игри и да ја продолжиме успешната резултатска низа. Како што ветив и пред јавноста, сѐ она што ми беше понудено во форма на договор го прифатив, а националниот го ставив пред личниот интерес. Благодарност до капитенот, фудбалерите од репрезентацијата и јавноста за поддршката.
Верувам дека сите заедно и сложно повторно ќе се радуваме на големи победи, а овој пат ќе славиме сите заедно низ улиците на нашиот град и нашата држава“, изјави селекторот на македонската А репрезентација, Игор Ангеловски.