Дома Македонски спорт Мак фудбал Aнгеловски: Ждрепката не беше на наша страна, но прво да мислиме на Косово

Aнгеловски: Ждрепката не беше на наша страна, но прво да мислиме на Косово

Денес во Нион беше одржана ждрепката која го одлучи домаќинот на финалниот натпревар од Лигата на нации.

За жал среќата не беше на наша страна и доколку го елиминираме Косово ќе играме на гостински терен кај победникот од второто полуфинале помеѓу Грузија или Белорусија.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Селекторот Игор Ангеловски по ждрепката порача дека за нас најважен е првиот натпревар и дека мотиви нема да недостасуваа за фналето иако се игра на гости.

„ „Ждеребката не беше на наша страна, финалето ќе се игра во Грузија или Белорусија, но за да се пласираме таму мора да мислиме на првиот натпревар. За нас најважен е тој натпревар со Косово каде што треба да бидеме максимално подготвени. А, што се однесува до финалето, мислам дека е помалку важно каде се игра бидејќи мотивите се огромни. Или, ако немавме среќа на извлекувањето, очекувам да имаме среќа на самите натпревари“, изјави Ангеловски по ждрепката.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во Италија ќе има и трет преоден рок

Во Италија од наредната година би можел да биде воведен и трет преоден рок. Причина за ово…