Кошаркарската репрезентација на Франција се пласираше во полуфинале на Светското првенство откако денес ги победија Американците со резултат 79:89.
Првиот период донесе изедначена кошарка на двете страни. Двата тима имаа период на игра во кои беа подобри и кога го менуваа водството, а после првите 10 минути резултатот гласеше 10:10.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Французите меѓутоа во текот на втората чевртина имаа предност. Играа добро во одбраната погодуваа шутеви и на одмор отидоа со предност 39:45.
Имаше Франција во текот на третиот период на неколку пати плус десет. Гобер и Форниер играа навистина одлично додека на другата страна Донован Мичел беше расположен и го одржуваше САД во игра, па на нешто повеќе од две минути до крајот погоди за изедначување на 60:60.
Американците го превземаа водството и во последната четвртина влегоа со предност од три поени 66:63.
Франција изедначи на четири минути пред крајот (76:76).
Форниер погоди за водство, па Гобер изведе забивање за 76:80 на три минути пред крајот.
До крајот со одличната одбрана во клучните моменти ја зголемија предноста и така ги срушија Американците. Форниер и Гоберт постигнаа по 22 и 21 поен кај Франција, додека кај САД Мичел уфрли 29.