Џон Мекинро е едно од најпознатите имиња во светот на тенисот па иако одамна е во пензија, неговите коментари секогаш добиваат големо внимание во светските медиуми.
Американецот неодамна повторно коментираше за Новак Ѓоковиќ, како и многупати досега, а неговиот коментар покажува колку го цени светскиот број еден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Новак Ѓоковиќ е еден од најмаркантните спортисти во било кој спорт. Гладта и желбата што ја има по сите освоени трофеи се луди. Тој е еден во милијарда. Го сакам Роџер Федерер, го обожавам Род Лејвер. Имам најголем респект кон Рафа Надал кој дава се од себе. Но Ѓоковиќ…. Не знам до каде да започнам. Едноставно морате да му се восхитувате“ – вели Мекинро.
Ѓоковиќ ја завршува годината како прворангиран, рекорден осми пат и надмина вкупно 400 недели како светски број 1, што ниту еден друг играч не успеа да го постигне…