Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи во разговор за Л’Екип зборуваше за иднината на клубот со кој управува, а најинтересен беше делот во кој зборуваше за Килијан Мбаше и Лионел Меси.
Мбапе веќе некое време се споменува во контекс за заминување на францускиот клуб. Со договорот беше врзан само за следната сезона, наводно веќе одбил продолжување на соработката затоа што сака трансфер во Реал Мадрид. Ал Келаифи тврди дека тоа нема да се случи.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Ќе бидам јасен, тој останува во Париз. Никогаш нема да го продадеме и нема да замине бесплатно. Во Париз има се што му треба, а каде би заминал? Кој клуб по амбициите може да се мери со ПСЖ? Се што ќе кажам е дека добро напредуваме и се надевам дека наскоро ќе постигнеме договор. Ова е Париз, ова е негбова земја“.
За Меси….
„Меси? Никогаш не зборувам за преговорите кои се во тек“, изјави претседателот на ПСЖ без да објасни што мисли.