Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ја доби наградата „Штефан Едберг“ која АТП организацијата ја доделува за ферплеј, професионализам и интегритет на тениските терени, но и надвор од нив.
Во изборот во гласањето за оваа награда учествуваат тенисерите од АТП-тур, а Алкараз доби најмногу гласови и стана четврти Шпанец кој се закитил со ова признание. Пред Алкараз од неговите сонародници беа избрани: Хозе Хигуерас, Алекс Коретја и Рафаел Надал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Горд сум што добивам награда за фер-плеј, посебно што изборот го вршат мои колеги. Навистина ми значи и ви благодарам“, изјави Алкараз.
Интересно, што Новак Ѓоковиќ кој е веројатно најдобриот тенисер на сите времиња никогаш не ја добил оваа награда. Сезонава Ѓоковиќ не беше ниту номиниран и покрај фантастичната година во која доминираше на најголемите турнири и годината ја заврши како првопласиран на АТП листата.