Maсимилијано Алегри се уште е без ангажман откако го напушти Јувентус, а најчесто се поврзуваше со англиските клубови.
Многу често Алегри го поврзуваа со Манчестер Јунајтед каде што Солскјер не е сигурен, сега и самиот Алегри порача дека би сакал да работи во Премиер лигата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакам да работам во Премиерл игата. Во Италија работев четири години во Милан и пет во Јувентус. Сега очекувам да бидам тренер одново во Италија или за првпат во Англија. Го следам англискиот фудбал и тој постојано напредува. Многу повеќе се посветува внимание на тактиката отколку пред десет години. Посебно ми се допаѓа и тоа што се почитува традицијата. Има еден добар баланс помеѓу англискиот и новиот квалитет“, изјави Алегри.