Дома Фудбал Италија Aлегри му даде шанса, па му порача: Сто пати си ја местеше косата, утре ќе оди на бербер

Aлегри му даде шанса, па му порача: Сто пати си ја местеше косата, утре ќе оди на бербер

Тимот на Јувентус одлично ја започна новата сезона во Серија А и вчера славеше против Удинезе со 0:3.

Во финишот од натпреварот тренерот Масимилијано Алегри му даде шанса на Кенан Јилдиз. Јилдиз ги одигра последните десетина минути од натпреварот, а Алегри на прес-конференцијата по мечот му порача дека треба да оди на бербер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Мора да оди на бербер, вечерва сто пати си ја местеше косата. Веќе утре ќе мора да ја скрати косата и да се фокусира на фудбалот“, изјави Алегри.

Јувентус сите три гола ги постигна во првото полувреме, а стрелци беа Киеза, Влаховиќ и Рабио.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Комедија: Суарез го промаши голот, па погоди полицаец – директно во глава!

Интер Мајами триумфираше со 2:1 во пријателскиот натпревар против Атлетико Насионал, одигр…