Јувентус вчера беше поразен од Интер во дербито во Серија А, „Старата дама“ изгледа добро на теренот, во најголем дел од натпреварот беше и подобар противник, но на крајот голот на Чалханоглу од белата точка беше решавачки.
Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри е задоволен од она што го прикажала неговата екипа и порача дека сега Јувентус дефинитивно не е кандидат за Скудетото сезонава.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова беше добар Јувентус, овој тим се подобрува, имавме повеќе вертикални додавања, подобро ги пронаоѓаме напаѓачите и добро работевме на техничко ниво Конечно, луѓето можат да кажат дека Јувентус е дефинитивно надвор од трката за Скудетото! Треба само да освоиме што е можно повеќе бодови за да го обезбедиме четвртото место, а потоа да се подготвиме за силен почеток на следната сезона“, изјави Алегри.
Јувентус имаше слаб почеток на сезоната и токму затоа во овој момент лидерската позиција изгледа далеку.