Дома Фудбал Англија Aко Мане вечерва постигне гол ќе испише историја во Премиер лигата

Aко Мане вечерва постигне гол ќе испише историја во Премиер лигата

Со натпреварот помеѓу Ливерпул и Норвич вечерва започнува новата сезона во англиската Премиер лига.

Ливерпул беше блиску да ја освои титулата во Англија после пауза од 30 години, но Сити сепак прв помина низ целта со еден бод повеќе. Во оваа сезона сигурно Клоп повторно ќе се обиде да ја прекине доминицијата на Манчестер Сити.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Уште на стартот од сезоната не очекува интересен натпревар. Ливерпул ќе игра против Норвич кој се врати Премиер лигата.

„Мене ми изгледа дека сезоната ќе биде поинаква бидејќи во минатата разликата во квалитетот помеѓу нас и Сити со другите тимови беше поголема. Сега на почетокот изгледа дека ќе биде по неизивесно. Мораме да победуваме од самиот почеток“, изјави Клоп.

Вечерва интересен рекорд напаѓа и Садио Мане. Сенегалецот во изминатите три сезони постигна гол на секој воведен натпревар во Премиер лигата.

Доколку успее во тоа ќе го сруши рекордот на Теди Шерингам на кого му успеа да постигне четири гола во три воведени премиерлигашки натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силната игра на Арда Ѓулер ја празни касата на Реал Мадрид

Избрусувањето на дијамант е процес кој бара време, но и пари. Довербата на Чаби Алонсо во …