Дома Фудбал Останато Aдеми: Не е фер да истрчам на теренот, ќе бидам најголем навивач на Динамо

Aдеми: Не е фер да истрчам на теренот, ќе бидам најголем навивач на Динамо

Вчера беше објавена вест дека македонскиот фудбалер и капитен на Динамо Арјан Адеми ќе мора да оди на операција што претставуваше вистински шок за неговиот клуб.

Адеми ќе ги пропушти двата натпревари против Бенфика (идниот четврток и една недела подоцна) во Лигата на Европа. Освен овие два натпревари за Динамо веројатно и дека Адеми ќе го пропушти стартот на квалификациите за ЕП и натпреварите на Македонија против Летонија и Словенија на 21-ви и 24-ти март.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Адеми со месеци чуствувал болки, а со текот на времето истите станувале посилни, па пред натпреварот против Викторија Плзен лекарскиот тим го советувал македонскиот фудбалер да оди на операција. Меѓутоа тогаш Адеми одлучил да игра под дејство на инекции и не сакал да го остави клубот во важниот натпревар.

Меѓутоа со текот на времето болките станале посилни, па сега оперативниот зафат е неизбежен.

После оваа ситуација во медиумите се огласи и самиот Адеми.

„Жал ми е што така излезе така, но веројатно судбината така сакала. Мислам дека не би било фер и коректно кон соиграчите и навивачите на Динамо да истрчам на теренот ако не можам да дадам 100% од себе. Верувам во моите соиграчи дека и без мене можат да ја победат Бенфика, па јас ќе бидам со нив во четвртфиналето од Лигата на шампионите. До тогаш ќе бидат нивни најголем навивач“, изјави Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…