Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми доби големо признание и се најде меѓу 25-те најдобри фудбалери во последните 50 години кои настапувале во Хрватска. Анкетата ја направи еден од најреномираните медиуми во Хрватска „Вечерњи лист“.
Адеми беше номиниран меѓу 50-те најголеми фудбалери во изминатиот половина глас и на првото гласање се најде во топ 25, па се најде на високото четврто место. Зад Адеми завршија фудбалери како Звонимир Бобан, Марио Манџукиќ, Иван Ракитиќ, Златко Цицо Крањчар…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец освои 5.62% од гласовите. Пред него завршија само Лука Модриќ со убедливи 52.4%, Давор Шукер освои 8.01% и Роберт Просинечки 6.48.
„Самата номинација меѓу 50 најголеми играчи во Хрватска за мене претставува огромна чест. Фантастично е чуството да бидете во друштво на вакви големи имиња. Уште повеќе ми е драго што влегов и во топ 25“, изјави Адеми.
Вториот дел од гласањето кога ќе се избираат најдобрите 10 трае до 21-во во месецот, потоа до 24-јануари ќе се избира најдобриот хрватски фудбалер во последните 50 години.